Најголем пад во историјата: Бараа 100 милиони за негов трансфер, а сега го продаваат за – пет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема договор меѓу Андреа Белоти и Торино за неговата иднина бидејќи не сака да го продолжи договорот. Тој не се согласи на условите кои му беа понудени, па се шпекулира дека ќе биде продаден на зима.

Пред неколку години Торино одби 70 милиони од Милан за Белоти, па бараше понуда од 100 милиони, како и во претходните години, но сега се случи голем пад.

Белоти размислува што да направи, а многумина се плашат дека ќе потпише за Јувентус, откако еден капитен на Торино во минатото го направи сличното.

Но, очигледно Јувентус има други планови, па Белоти се споменува и како засилување на Рома бидејќи е голема желба на Жозе Мурињо.