Најголемата грешка на Гвардиола е – Кол Палмер! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Кол Палмер се покажа како огромно засилување за Челси, па така синоќа со три гола го урна Манчестер јунајтед.

По дербито повторно е актуелна приказната за потегот на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој реши да го пушти Палмер и очигледно тоа беше неговата најголема грешка.

Палмер игра неверојатно во дресот на „сините“ на само 21 година и досега има постигнато 16 голови и осум асистенции на 25 меча во Премиерлигата, додека во останатите натпреварувања има пет погодоци и четири асистенции.

Поуспешен од Палмер од дебитантите досега во историјата бил само Џими Флојд Хаселбанк кој постигна 32 голови во првата сезона во 2000/01, но и Палмер е на одличен пат да го урне тој рекорд.