Најголемиот ривал на Јокиќ за МВП призна: Никола е чудовиште!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ продолжи со неговите одлични настапи во НБА-лигата и е на добар пат да ја освои МВП-титулата, иако секогаш фаворити се американските кошаркари.

Џоел Ембид остана најголем ривал на Јокиќ во борба за наградата, исто како и минатата година кога Србинот го доби признанието.

Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, Јокиќ имаше директен судир против Ембид и го предводеше Денвер до 114-110, а по мечот неговиот ривал призна дека Србинот игра фантастично.

„Јокиќ е лидер во сите статистички параметри, поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади, тој е чудовиште цела сезона. Вие правите приказна околу мене, но тоа не е мојот фокус. Јас сакам да напредувам од ден во ден“, кажа Ембид.