Најлоши трансфери во историјата на Реал Мадрид: Босанец, Хрват и Србин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во текот на историјата имаше многу добри засилувања, како Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Карим Бензема и други ѕвезди, но имаше и големи грешки и промашувања.

Британски „Гол“ направи листа со најлоши засилувања во историјата на Реал Мадрид, а на неа имаше место за по еден Босанец, Србин и Хрват.

Елвир Баљиќ

Џон Тошак беше импресиониран од Босанецот во текот на неговиот период во турскиот фудбал и го убеди Реал Мадрид да плати голема сума за напаѓачот, но тој го повреди коленото и не се прилагоди во главниот град на Шпанија.

Роберт Просинечки

„Очекуваа големи работи од еден од најталентираните фудбалери на Црвена Звезда, но неговиот врв во кариерата во Реал го достигна со гол против Барселона во дерби“, пишува медиумот.

Лука Јовиќ

Јовиќ постигна 10 голови во 14 меча во Лига Европа во сезоната 2018/19, па сите очекуваа многу големи работи од него во Реал Мадрид, но тоа не се случи.