Најлудиот состав во преодниот рок! Минатата сезона во Лестер, Марсеј, Атлетико, сега во пониските лиги


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не се сите трансфери милионски, но го кријат потенцијалот на добрата приказна.

Поголем дел ги следат милионските трансфери со кој секој ден сме бомбардирани има и такви кои бараат мали играчки т.е трансфери кои не дигнаа прашина и на кои не се трошат многу пари, а клубовите од нив профитираа.

Во трансфери, ББС сложи интересен состав составен само од фудбалери кои ова лето бесплатно стигнаа во англиските пониски лиги. Интересен состав е, се наоѓаат неколку поранешни надежи, но и фудбалери кои минатата сезона играа за Лестер, Марсеј, Атлетико…

Мајкл МекГоверн (Норвич)

МекГоверн го повлече вниманието кон себе на ЕП во Франција кога бранеше за репрезентацијата на Северна Ирска. Имаше неколку понуди од ПЛ, но на крајот МекГоверн се одлучи за Норвич кој експресно сака да се врати во ПЛ.

Претходни клубови: Селтик, Странраер, Ст.Џонс, Данди Јунајтед, Фалкирк, Рос Каунти, Хамилтон

Хесус Гамез (Њукасл)

Не се наигра во Атлетико, но изненадувачки го избра Њукасл за продолжување на кариерата. Рафа Бенитез ова лето направи добар состав и Гамез се гледа во ПЛ следната сезона.

Претходни клубови: Малага, Атлетико Мадрид

Метју Килгалон (Бредфорд)

Порано Килгалон беше голема надеж на англискиот фудбал, настапуваше за сите млади селекции на Англија, правеше милионски трансфери, но неговата кариера продолжи во друга насока. Сега со 32 години се одлучи да се обиде во Лига 1, третата лига во Англија.

Претходни клубови: Лидс, Вест Хем, Шефилд Јунајтед, Сандерленд, Мидлзбро, Донкастер, Блекбурн

Пол Кончески (Гилингем)

Кончески има и два натпревари за Гордиот Албион, но повредите ја спречија неговата кариера. Но, сеедно со Лестер ја прослави титулата, а потоа се одлучи на заминување во третата лига. Со 35 години на грбот не е лош избор.

Претходни клубови: Чарлтон, Тотенхем Вест Хем, Фулам, Ливерпул, Нотингем Форест, Лестер, КПР

Ник Пауел (Виган)

Кога Фергусон го доведе во Манчестер Јунајтед на 18 години беше прогласен за наследник на Пол Сколс. Но Пауел не се снајде на Олд Трафорд, беше испраќан на позајмици, а со 22 години бара нов почеток во Чемпионип.

Претходни клубови: Крев, Манчестер Јунајтед, Виган, Лестер, Хал

Гери О Нил (Бристол Сити)

Тој јамката на влегувањето во ПЛ. Поранешниот млад репрезентативец на Англија три пати се избори за влегување во првата лига па тоа беше една од причините зошто Бристол го доведе.

Претходни клубови: Портсмут, Валсал, Кардиф, Мидлзбро, Вест Хем, КПР, Норвич

Стив Сидвел (Брајтон)

Се во кариерата помина Стив Сидвел – промени многу клубови, направи некои скапи трансфери, а има одиграно 461 натпревари во сите англиски лиги. Кариерата ја почна во Арсенал, по некое време продолжи во Челси. Но, го продадоја на Астон Вила за 6.3 милиони евра и тогаш почна неговото лесно паѓање.

Претходни клубови: Арсенал, Брентфорд, Беверен, Брајтон, Ридинг, Челси, Астон Вила, Фулам, Стоук

Лојд Даер (Буртон Албион)

Уште еден фудбалер кој ветуваше многу, но на крајот мораше да се задоволи со средна кариера. Даер го преживеа влегувањето на Лестер од пониските лиги, а сега со новиот Лестер, Буртон бара чудо и влегување во ПЛ.

Претходни клубови: Астон Вила, ВБА, Кидерминстер, КПР, Милвол, МК Донс, Лестер, Вотфорд, Бирмингем, Барнли

Адебајо Акинфева (Вукомб)

Него сите го знаеме. После тоа што Вимблдон се пласира во третата лига, Акинфева веднаш доби вест дека нема да го продолжи договорот, а веднаш се јави Вукомб кој потпиша со овој ѕвер.

Претходни клубови: Вотфорд, Атлантас, Бери Таун, Бостон Јунајтед, Лејтор Ориент, Рушед и Дајамондс, Донкастер, Торквеј, Свонси, Милвол, Нортемптон, Гилигем, Вимблдон

Стивен Флечер (Шефилд Венсдеј)

Репрезентативецот на Шкотска вреди 3 милиони евра и има 25 натпревари за репрезентацијата на Шкотска, а минатата година играше за Марсеј како позајмен од Сандерленд. Но, сега се одлучи за Шефилд Венсдеј и лесно би можел да биде најдобар стрелец во Чемпионип.

Претходни клубови: Хиберниан, Барнли, Волвс, Сандерленд, Марсеј

Марвин Сордел (Ковентри Сити)

Сордел во 2012-та година играше за Велика Британија на ОИ, а пред тоа две сезони имаше двоцифрен број на погодоци во Чемпионип. Изгледаше дека ќе направи трансфери во попознат клуб, но остана само на потенцијалот.

Претходни клубови: Вотфорд, Ведлстон, Транмере, Болтон, Чарлтон, Барнли, Колчестер