Најмистериозниот НБА-кошаркар доби – 12 милиони долари! (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Маркел Фулц беше прв избор во НБА-драфтот во 2017 година, но за две години одигра само 33 меча пред да го тредува Филаделфија во Орландо.

За Орландо уште нема дебитирано, но неговиот клуб ја активираше четвртата година од неговиот договор, која пред однапред одредена сума тежи 12,3 милиони долари, иако уште не е сигурно кога тој ќе се врати на паркетот.

Фулц пред драфтот во 2017 година беше најталентираниот кошаркар по една сезона на Универзитетот во Вашингтон, кадешто во просек постигнуваше по 23,2 поени, 5,7 скокови и 5,9 асистенции, а го одликуваше голема креативност.

Меѓутоа, на стартот на неговата прва сезона беше јасно дека нешто не е во ред со него. Мистериозната повреда на рамото целосно му го деформираше шутот и поради тоа мораше да паузира.