Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал во понеделникот објави дека е постигнат договор со играчите на првиот тим, тренерот и седиштето на клубот за намалување на платите за следните 12 месеци.
Сепак, има фудбалери кои се спротивставуваат и го отфрлаат договорот. „Дејли меил“ пренесува дека тројца фудбалери, меѓу кои и Месут Озил, сè уште не кажале дефинитивно да.
Озил, со неделна плата од 350.000 фунти, е најплатен играч на Арсенал и ќе се преговара со него индивидуално, како и со двајца други соиграчи во наредниот период.
Искусниот играч од средниот ред претходно изјави дека е подготвен за намалување на платата, но сака клубот да го увери дека е во финансиска загуба поради пандемијата на коронавирус.
Агентот на Озил, Еркут Согут порано изјави дека одложат платите изгледа повеќе логично отколку да се намалат затоа што верува дека клубовите сè уште можат да остварат ист профит како и минатата сезона.
Патем, Артета беше во можност да ги убеди сите да се согласат за договор. Ќе бидат исплатени пари во случај на пласман во Лигата на шампионите.