ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Денеска е ден на жалост во Реал Мадрид затоа што почина еден од најголемите фудбалери во историјата, Пако Хенто. Тоа е човек кој медиумите го опишаа како најпрофитабилното засилување во историјата на шпанскиот гигант.
Хенто со 23 трофеи заедно со Марсело е најтрофеен фудбалер на „кралевите“ во историјата, а меѓу другото освои шест трофеи во Лигата на шампиони, како и 12 во Ла Лига.
Дресот на Реал го носеше од 1953 до 1971 година, а посебно беше интересен начинот на кој стигна во Мадрид од Рејсинг Сантандер.
„Дојдоа да ме гледаат како играм за Рејсинг. Потоа дојде некој Хуијаро кој беше задолжен за трансфери. Ние трениравме, навивачите го забележаа и почнаа да го бркаат од трибини. Кога влеговме во просториите на клубот и луѓето тргнаа по мене. Не сакав да одам во Мадрид, на крајот потпишав договор во гаража. Цел живот бев меѓу крави, на ливади, а околу мене компири, пченка и грав… Тоа се промени со преселбата во Мадрид“, кажа Хенто.
Реал го плати околу 120.000 пезоси, а платата му изнесуваше околу 6.000 што пред седум децении беше голема сума.