Најскапиот трансфер во историјата: Погба кажа “ДА” се чека “Стара дама”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед создаа навистина моќен тим. Жозе Мурињо е одлучен во дебитантската сезона на “Олд Трафорд” да направи одличен резултат.

“Скај Спорт” и “Дејли Мејл” открија дека “Црвените ѓаволи” испратиле понуда до шампионот на Италија Јувентус вредна 120 милиони евра за Пол Погба.

Според нивните информации, Јунајтед на француската ѕвезда и понудил петгодиен договор со плата од 13 милиони евра по сезона.
Што значи дека Французинот би имал недела плата од дури 300.000 фунти неделно.

Италинанските медиуми тврдат дека договор е постигнат и дека 23 годишниот фудбалер веќе се согласил да се врати на Островот. Да потсетиме, Погба беше член на Јунајтед од 2009 до 2012 кога целосно бесплатно премина во Торино.

Сега останува само уште Јувентус да се согласи и ќе го имаме убедливо најголемиот трансфер ова лето.