Најталентираниот бразилски играч на чекор од трансфер на кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадриѓаните се сега во прв план, и покрај интересот на Интер, Барселона и Баерн.

Фамилијата рече Интер. Дури и Луиз Назарио да Лима попознат како Роналдо го советуваше Габриел Жесус дека за почеток на европската авантура да го одбере клубот од Милано.

Претходно се чинеше дека Баерн е на пол позицијата, потоа дека Барселона е во завршни преговори со неговиот Палмеирас, но како што сега стојат работите во трката за најголемата надеж на современиот бразилски фудбал може да го добие – Реал Мадрид.

Така тврди шпански АС, кој на насловните страници објави дека 19-годишниот напаѓач на клубот од Сао Паоло во овој момент е најблиску до стадионот Сантијаго Бернабе.

И тоа од причина што шампионот на Европа ги понуди најдобрите услови на Бразилецот. Не само финансиски.

Реал е спремен да ја активира откупната клаузула во вредност од 34 милиони евра: 24 милиони за клубот, дополнителни 10 милиони евра за разни менаџерски агенции, кои го застапуваат Габриел Жесус, што е сосема вообичаен начин на работење кај Јужноамериканци.

Со тоа што ја освои наклоноста на Палмеирас е намерата на кралскиот клуб за играчот да го купи сега, а да го остави на уште година и пол дена во Бразил. Значи, до завршување на редната сезона на локалната Серија А.

Спортскиот директор Алешандре Матос моментално е во Мадрид на преговори, а АС уверува дека Реал Мадрид прифатил на споменатите услови. Со што што и саиот Жесус сака уште малку да се задржи во татковината, со цел да може до крајот на ова првенство да помогне на својот клуб да ја исвои титулата (после 14 кола води на табелата), а воедно е и прв стрелец на лигата со десет голови.

Во меѓувреме Габриел Жесус ќе игра и на Олимписките игри во Рио де Женерио, каде што треба со Нејмар, да биде еден од главните адути на Бразил во походот на златен медал.