Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике поминува низ најтешкиот период од животот, затоа што неодамна се раздели со атрактивната пејачка Шакира по 12-годишна врска.
Од врската им останаа двајцата синови, па сега се води битка за старателството над нив. Шакира сака да ги земе со неа во Мајами, а Пике не ги пушта да заминат од Барселона.
Меѓутоа, тоа не е единствен проблем со кој Пике се соочува затоа што не го пречекаа добри вести на подготовките на Барселона за новата сезона.
Тренерот Чави му кажал на Пике дека не е во прв план во новата сезона и најверојатно ќе биде резервна опција, а покрај проблемите во клубот дефанзивецот има проблеми и во бизнисот.
Шпанската полиција го истражува случајот на соработка на фирма на Пике и Ла Лига околу организирањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.