„Најверојатно никогаш повеќе нема да го видам Шумахер во мојот живот“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер не излезе во јавност по несреќата која се случи на скијање во 2013 година.

Во медиумите во изминатите години имаше различни приказни за неговата здравствена состојба, но семејството сакаше тоа да остане приватност.

Неодамна неговата ќерка Џина Марија направи венчавка, а на истата не беше поканет долгогодишниот менаџер на Шумахер, Вили Вебер.

„Во моментов моето здравје е во лоша состојба, па немаше да дојдам на свадба дури и да бев поканет, но не ме поканија. Свадбата на Џина ми врати некои спомени од пријателството со Михаел, победите и успеси што ги имавме заедно, се сеќавам на него каков што беше, веројатно повеќе нема да се видиме. Михаел беше еден од моите најдобри пријатели, повеќе како син кој никогаш не сум го имал. Никој не знае точно што се случува со него денес, па не сакам да коментирам повеќе“, кажа Вебер.