Нанели со глава ќе удреше навивач на Црвена Звезда (Видео)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Мечот меѓу Црвена Звезда и Партизан доцнеше половина час поради хаосот на теренот, кога навивачите со тврди предмети удрија по гостинските кошаркари.

Кошаркарите се обидуваа да се одбранат, а еден од нив беше Џејмс Нанели кој реагираше бурно кон противнички навивач.

Нанели тргна кон навивачот и делуваше дека сака да го удри со глава, но ситуацијата набрзо се смири.

„Корекција, бев нападнат и си го бранев просторот затоа што бев на паркетот. Обезбедувањето беше слепо“, искоментира кошаркарот по објавата на грчки новинар.