Напаѓачот на Барселона оди во Премиер Лигата за 50 милиони евра?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Астон вила го сака Феран Торес (25), напаѓачот на Барселона. Англискиот клуб и минатата година се обиде да го донесе шпанскиот фудбалер, за кој се подготвени да понудат 50 милиони евра обесштетување, објавија британските медиуми.

Тренерот Унаи Емери многу го цени Торес и во англискиот клуб сметаат дека понудата од 50 милиони евра би можела да ја убеди управата на каталонскиот клуб да го продаде шпанскиот репрезентативец. Минатото лето понудата на англискиот клуб беше речиси преполовена, па Барса глатко ја одби, истакнуваат британските медиуми повикувајќи се на шпански извори.

Иако често влегуваше како замена, Торес минатата сезона во Барселона постигна 19 голови и седум асистенции. Во каталонскиот клуб стигна во јануари 2022 година од Манчерстер Сити за трансфер вреден 55 милиони евра, а договорот го врзува уште две години со Барселона.

Фото: Принтскрин