Нападнале бразилски фудбалери со бомба, најлошо поминал голманот!

Тимскиот автобус на бразилската екипа Бихиа беше нападнат пред мечот во Купот со бомба во близина на стадионот „Фонте Нова“.

Фудбалерите се исплашиле по експлозијата, по која биле скршени прозорците, а дел од играчите добиле физички повреди, меѓут кои најлошо поминал 33-годишниот голман Данило Фернандеш.

Во Бахиа веќе некое време владее незадоволство од навивачите, но не е позната причината за нападот врз фудбалерите.

„Данило за малку ќе го загубеше окото. Сега е во болница на лекување. Тоа е глупаво, луѓето мислат дека со такви потези ќе променат нешто. Проблемите не се решаваат на таков начин“, вели тренерот на тимот, Гуто Фереира.