Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Наполи ја одби подобрената понуда на Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, кој минатата сезона настапуваше на позајмица во тој турски клуб.
Како што пренесоа денес италијанските медиуми, се очекува дека Наполи ќе го продаде 26-годишниот нигериски фудбалер ова лето.
Тој во 2020 година од Лил премина во Наполи, а минатата година се обидуваше да го напушти клубот. Во тоа не успеа и премина на позајмица во Галатасарај, за кој на 41 натпревар во сите натпреварувања постигна 37 голови и имаше осум асистенции.
Во неговиот договор има клаузула за заминување вредна 75 милиони евра, која важи за клубови надвор од Италија.
Фото: Grok AI