Наполи ќе го пропушти мечот со Милан во ЛШ?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Лучано Спалети кажа дека Виктор Осимен е повреден и засега не е познато дали ќе настапи против Милан во Лигата на шампиони (ЛШ).

Осимен се повреди додека настапуваше за Нигерија, па го пропушти и претходниот меч против Милан, кој Наполи го загуби со 0-4.

„Осимен е фудбалер кој треба да игра на секој натпревар, но сега е повреден и мора да внимаваме. Ако играше против Лече, сега ќе беше полошо. Мора да му дадеме време за рехабилитација. По повредата тренираше лесно, но мора да видиме како ќе реагира при поголеми напори на теренот“, кажа Спалети.