Наполи на чекор од нови два трансфери, Габијадини пред нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Лоренцо Исиње ниту збор!

Сезоната почнува денеска, а Наполи сеуште ги бара сите алки со цел да ја комплетира својата машина за предизвиците што надоаѓаат. Еден голем проблем и тоа во срцето на средниот ред Аурелио Де Лаурентис го реши рано наутро, поради тоа што е договорен трансферот на Амаду Дијавара од Болоња.

Долго Наполи бараше централен играч за врска, копјата се кршеа меѓу Толисо и Витсел, но на крајот одлуката падна на најдобриот играч на Болоња, кој на крајот испадна и најповолно решение.

Трансферот е договорен на 15 милиони евра, а Дијавара добива петгодишен договор околу 800 000 евра по сезона, со опција за динамичен раст во наредните сезони.

Пред неколку дена завршени се сите разговори за трансфер на Марко Рог, за кого Наполи ќе даде 13.5 милиони евра и одредени бонуси.

Како што се решени два проблеми, Наполи одма направи стратегија за продолжување на купувањето на пазарот. Прва и главна мисија и понатака е – Никола Максимовиќ. Толку имиња се поминуваа и се доведуваа во врска со Наполи, но само Максимовиќ веќе второ лето и понатака е единствена, вистинска и најголема мета.

Торино толку пати одбиваше разни понуди на Де Лаурентис, но контроверзниот филмски работник нема намера да се откаже.

За тоа, пишува „ Il Matino“, Наполи нуди оштета од 20 милиони со уште двајца играчи – голманот Луиџи Сепе и играчот за врска Мирко Валдифори.

Таа е последна во многуте понуди кои досега се видени за српскиот стопер, а сега на потег е Торино, поради тоашто наскоро треба да следи и официјален одговор.

Наполи сака и да ја заврши и конструкцијата со Маноло Габијадини, бидејќи му се спрема нов петгодишен договор и плата од 2.5 милиони евра по сезона. Тоа е за 900 000 евра повеќе од тоа што тој моментало заработува, додека агентите на Габијадни бараат уште речиси милион евра повеќе. Но, преговорите одат опуштено, па се очекува наскоро да падне договор.

Интересно, ни збор и понатака нема за иднината на Лоренцо Инсиње, кој бара нов договор, воедно и најголем во клубот. Притоа, сеуште се бара за еден универзалец кој ќе покрива крило и напад.