Наполи остана без Осимен за дуелот со Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дербито меѓу Наполи и Милан дефинитивно ќе помине без најдобриот напаѓач на екипата од Неапол, Виктор Осимен.

Осимен нема да настапи на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу двете италијански екипи.

Напаѓачот на Наполи се повреди за време на настапите на Нигерија и поради тоа ги пропушти пресметките со Милан и Лече во Серија А.

Аурелио Де Лаурентис се сретнал со навивачите на Наполи пред дербито и им соопштил дека Осимен не е во добра состојба.

„Осимен не е во добра состојба и нема да игра. Се надевам дека ќе го имаме за реваншот на 18 април“, кажал Де Лаурентис.