Наполи пронајде засилување во Фиорентина?


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Наполи би можел да го донесе српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ во своите редови.

Миленковиќ покажа одлични игри во Фиорентина, а овој клуб сега сака да му парира.

Наполи ќе го продава Кулибали, па Миленковиќ се смета за реална опција, јавуваат италијанските медиуми.

Проблемот засега е висината на надоместокот. Виолетовите бараат 30 милиони евра, но во Наполи прават се за да ја намалат таа бројка.

Миленковиќ потекнува од Партизан, од каде дојде во Фиорентина во 2017. година за пет милиони евра.

Дали двата клуба сепак ќе најдат заеднички јазик останува да видиме.