Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Холандското крило нападателот Ноа Ланг (26) наскоро ќе стане фудбалер на Наполи.
Еден од најдобрите играчи на ПСВ ја известил управата на шампионот на Холандија дека ги договорил личните услови со италијанскиот првак.
Клубот од Ајндховен за отштетата ќе добие 35 милиони евра, плус десет проценти од следниот трансфер.
Ланг, кој минатата сезона постигна 14 голови и 12 асистенции, во Наполи ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона, а договорот ќе биде потпишан на пет години.
Наполи веќе го донесе во своите редови поранешниот капитен на Манчестер Сити Кевин де Брујне, а се шпекулира дека напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњес е блиску до овој клуб.
Значи, јасно е дека тренерот Антонио Конте следната сезона ќе има значително посилен состав од оној со кој го освоил Скудетото.
Фото: Принтскрин