Наполи со 10 милиони евра тргна по потписот на Алиоски?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе му стане соиграч на Елиф Елмас во Наполи затоа што италијанската екипа покажала интерес за услугите на фудбалерот на Лидс.

Алиоски има договор со Лидс до крајот на сезонава, по што ќе биде слободен фудбалер. Тој привлече интерес од неколку турски екипи, а Лидс му понуди нова соработка, но сепак македонскиот фудбалер ќе ги разгледа своите опции.

Наполи планира да му понуди петгодишен договор на Алиоски за кој македонскиот репрезентативец ќе заработи вкупно 10 милиони евра.

Алиоски сезонава одигра 31 меч за Лидс во Премиерлигата и притоа постигна два гола.