Наполи соопшти за колку пари ќе го продаде Осимен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виктор Осимен го предводи Наполи кон титула во Серија А, па така привлече интерес од неколку гиганти, меѓу кои се Манчестер јунајтед и Челси, но за ангажман на 24-годишниот напаѓач ќе биде потребна неверојатна сума.

Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи ја одредил цената за Осимен и таа изнесува дури 150 милиони евра, па така гигантите ќе мора да го урнат клупскиот трансфер рекорд за да го добијат потписот на Нигериецот.

Осимен пристигна во Наполи за 75 милиони евра од Лил, а досега постигна 53 гола на 91 натпревар за калчолигашот.

Најскапиот трансфер на Челси во историјата е тој на Енцо Фернандез за кој плати 120 милиони евра.