Наполи тргна по четвртото засилување ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи преговара со Реал Мадрид за доведување на Џејмс Родригез, но ова не е единствениот играч што италијанскиот клуб сака да го донесе.

Имено, италијанските медиуми пишуваат дека играчот на Валенсија, Родриго, е на мета на овој клуб и дека во него гледаат алтернатива за Мауро Икарди.

Икарди во последниве денови се поврзува со Наполитанците, но според извештаите, Јувентус и понатаму ја има предноста да го доведе Аргентинецот ова лето.

Според Скај Спорт, Наполи веќе има воспоставено контакти со Валенсија, со цел да се обиде да постигне договор, а играчот сега го чека расплетот на случувањата.

Наводно, Наполи веќе понуди 30 милиони евра, додека во Валенсија сакаат да добијат дури 70 милиони евра, а тоа секако е проследено со напорни преговори.

28-годишниот Родриго пристигна од Бенфика во Валенсија во 2015 година за 30 милиони евра. Минатата сезона играше 51 натпревар и постигна 15 гола и запиша 10 асистенци.