Напредок на Ивановски и пад на Ѓорческа на ранг-листите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски скокна за една позиција на АТП-листата и од денеска се наоѓа на 360. место во светот со 137 поени.

Ивановски, сепак, забележа пад од седум позиции во конкуренција во двојки и сега е на 674. место во светот.

Горазд Србљак падна за едно место и се наоѓа на 1069. позиција во светот, додека Обрад Марковски напредуваше до 1609. позиција.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа падна за шест позиции на најновата листа на ВТА и се наоѓа на 241. место, додека Магдалена Стоилковска напредуваше до 1203. позиција.