Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската комисија наскоро би можела да донесе пресуда за незаконската државна помош на шпанските фудбалски клубови, пренесува британски “Гардијан”.
Истргата на Европската Унија е насочена кон помошта која ја добија неколку клубови помеѓу кои се Барселона и Реал Мадрид, двата клуба со најголеми приходи во светот.
Истрагата пред две ипол години ја започна тогашниот европски комесар за конкуренција Жоакун Алмунија кој најави дека ќе разгледа дали Шпанија ги прекршила правилата на ЕУ за јавното финансирање преку даночните обврзници, договорите за имот и заем.
На основа на повеќе извештаи се очекува Европската комисија да пресуди против Шпанија, бидејќи европските власти настојуваат да го укинат незаконското користење на државни пари за финансирање на некои од најбогатите фудбалски клубови.