Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите од Шпанија најавуваат дека Роналдо скоро сигурно го пропушта Суперкупот на Европа против Севиља, а можеби и стартот на шпанското првенство.
Роналдо се повреди во финалниот натпревар од Европското првенство против Франција. Сепак, Португалија и без него успеа да слави над домаќинот и да стигне до европскиот трофеј.
Првите информации не се добри за Реал Мадирд. Најверојатно настрадаа лигаментите на Роналдо. За среќа, не вкрстениот, што би значело пауза од шест месеци туку во прашање се лигаментите над коленото.
Тоа значи дека Роналдо надвор од терените ќе бите најмалку еден месец. во некои случаеви и до три. Поради оваа повреда Роналдо нема да му биде на располагање на Зидан на стартот од првенството.