До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
НБА лигата се соочува со сè поголемо внимание кон таканареченото “негативно танкирање”, стратегија што ја користат тимовите без шанси за плеј-оф со цел да ја подобрат позицијата на драфтот.
Целта на лигата е да ги идентификува и санкционира обидите за намерно губење на натпреварите, а сега се под истрага и одредени натпревари во кои учествувале Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Еден од спорните натпревари беше дуелот на Денвер Нагетс и Јута Џез.
Денвер во четвртата четвртина направи серија од 21:5 и пресврте двоцифрено заостанување, но вниманието на НБА комисијата го привлече податокот дека двајцата најефикасни играчи на Јута – Кајл Филиповски и Брајс Сенсабо – не поминаа ниту секунда на теренот во последните 12 минути.
















