Навивач му избега на обезбедувањето само за да го гушне Меси (Видео)


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



ПСЖ славеше против Макаби Хаифа со 3-1 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а мечот во еден момент беше прекинат поради тоа што навивач втрча на теренот.

Лионел Меси постигна еден гол и една асистенција, а притоа навивач си го исполни сонот кога помина покрај обезбедувањето и стигна до Аргентинецот.

Навивачот му скокна во прегратка на Меси, по што падна на тревникот пред да го фати обезбедувањето.

Меси претходно имаше слатка средба и со дечиња кои не веруваа дека застанаа покрај еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот.