Навивач на Нант избоден до смрт (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивач на францускиот прволигаш Нант бил убиен при судирот со фановите на Ница пред натпреварот во Лига 1.

Управата на Нант објави дека нивниот навивач бил избоден повеќе пати, а докторите не успеале да му го спасат животот.

„Л’Екип“ објави дека тој бил член на навивачката група „Лоара“ и имал 31 година, а бил избоден од зад грб.

Според медиумот, убиецот избегал од местото на инцидентот, но потоа се пријавил во полициска станица.