Навивач на Шалке испрати порака до Вардар: Заедно паднавме, заедно ќе се вратиме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Шалке и Вардар се збратимени и имаат голема почит едни за други, а тоа го докажа и еден фан на германската екипа.

Шалке пред неколку дена испадна од Бундеслигата, а такво нешто му се случи и на Вардар само неколку дена подоцна, кога испадна од Првата македонска лига.

Еден навивач испрати порака на социјалните мрежи заедно со моќна фотографија која беше објавена на неговиот профил.

„Заедно паднавме, заедно ќе се вратиме“, гласеше пораката на навивачот.