Навивач на Шкендија приведен поради инцидент во Скопје


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи приведена е навивач на фудбалскиот клуб Шкендија поради предизвикување на тензии пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите со Карабах во Скопје.

Според извори од МВР, навивачот се движел низ градот со мотоцикл, при што истакнувал симбол кој поттикнувал национална, верска и расна нетрпеливост. Од тие причини, полицијата интервенирала и го уапсила на место на настанот.

„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото: Принтскрин