Навивачи му вратија дел од „пандата“ на Спалети (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучано Спалети го предводеше Наполи во изминатите две сезони, а притоа испиша историја затоа што го освои Скудетото.

Спалети стана херој на Наполи, иако на почетокот на неговата авантура во Неапол не беше омилен меѓу навивачите.

Навивачите во 2021 година му го украдоа неговиот омилен автомобил „Фиат панда“, при што му порачаа дека ќе му ја вратат кога ќе замине од клубот.

Ултрасите на Наполи делумно го исполнија ветувањето и му вратија дел од „пандата“ на Спалети кој заминува од калчолигашот затоа што сакал да одмори од фудбал.