Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
По синоќешната победа на Ливерпул од 4-0 против Барселона на Твитер се огласи резервниот голман на Њукасл, Роб Елиот. На него по мечот со Ливерпул му пристигнале голем број закани, зашто го повредил Мохамед Салах.
Секако, навивачите на Ливерпул направиле огромна грешка, зашто човекот не бранел на ниту еден меч сезонава, но очигледно не знаеле дека на голот бил Дубравка.
„Види што му направи на Салах… Ако загуби Ливерпул, ќе те најдам и ќе те…“, се само дел од заканите испратени до Елиот.
Елиот на заканите се насмеа и порача дека му е мило поради победата на Ливерпул, зашто во спротивно ќе морал да се крие.
Навистина интересни сцени и очигледно има навивачи, кои повеќе размислуваат со срцето, отколку со главата. Секако, не се оправдани ваквите закани, против кои треба да се преземат мерки.