Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шведската фудбалска репрезентација, 32. на ранг-листата на ФИФА, доживеа тотален пораз во актуелните европски квалификации за Светското првенство следната година и е на самото дно на групата Б. Во четири натпревари, Швеѓаните само еднаш ремизираа и три пати загубија. Многу пред нив се Швајцарија со десет и Косово со седум бодови, додека претпоследна е Словенија со три бода.
Најсилните карики на Шведска требало да бидат напаѓачите Александер Изак и Виктор Гјокерес, фудбалери кои ова лето направиле мегаломански трансфери. Изак премина од Newcastle во Ливерпул (145 милиони евра), а Гјокерес од Sporting во Арсенал (66 милиони евра). Иако ретки светски репрезентации можат да се пофалат со ваков напаѓачки дует, Шведска во четири квалификациски натпревари постигнала само два гола.
Во понеделникот, Шведска загуби на домашниот натпревар во Гетеборг против Косово 0:1. “Ужасен резултат и овие квалификации нè убиваат. Ништо не функционираше. Примаме евтини голови, а ние очигледно заборавивме да забиваме голови. Многу нè боли новиот пораз,” се обидуваше да најде зборови за коментар на поразот шведскиот селектор Јон Дал Томасон.
Шведските навивачи се огорчени од игрите и резултатите на репрезентацијата, а посебно се гневни на Виктор Гјокерес за кој многумина од нив велат дека е “играч помалку на теренот”. Многу други советуваат стручниот штаб да го отстрани од тимот и да се засили одбраната со еден човек или да го замени со офанзивен везен играч или крилен напаѓач.