Навивачите дознаа на кои натпревари во Премиерлигата ќе може да присуствуваат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските навивачи конечно ќе се вратат на трибините, откако таква одлука донесе Владата на Велика Британија и управата на Премиерлигата, но не се израдуваа сите на овие вести.

Постојат три нивоа во новиот протокол, а Лондон и Ливерпул се наоѓаат на второ ниво, што значи дека по 2.000 навивачи ќе може да присуствуваат на тие дуели.

Навивачите ќе се вратат на трибините на 2 декември, додека уште овој викенд нема да има присуство на фанови на стадионите ширум Премиерлигата.

Брајтон игра со Саутемптон, Челси со Лидс, Арсенал го пречекува Тотенхем, Манчестер Јунајтед му гостува на Вест Хем. На сите тие натпревари ќе има присуство на публика.

Од друга страна, Кристал Палас, Фулам, Саутемптон и Евертон од наредното коло можат да ги пуштата навивачите на трибините.

Сепак, Вулвс, Лидс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Њукасл се екипите кои ќе продолжат да ги играат домашните натпревари пред празни трибини.

Исто така, тоа ќе мора да го направат и Барнли, Астон Вила, Вест Бромвич, Лестер и Шефилд.