Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалските навивачи ширум светот гласаа за најдобар тим за минатата година, а во него се наоѓаат пет фудбалери на Баерн Минхен.
Најдобрите 11 фудбалери беа избрани од седум клубови и девет земји, а Германија и Шпанија имаат по двајца фудбалери.
Навивачите во најдобриот европски тим ги избраа голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, како и неговите соиграчи Џошуа Кимих, Алфонсо Дејвис, Тијаго Алкантара и Роберт Левандовски.
Место меѓу најдобрите имаше и за Серхио Рамос од Реал Мадрид, Вирџил ван Дајк од Ливерпул, Кевин де Брајне од Манчестер сити, како и Кристијано Роналдо од Јувентус.
Роналдо во најдобриот европски тим беше избран по 15. пат, а беше во најдобриот тим секогаш од почетокот на 2007 година.