Навивачите го избраа најлошото засилување на Јунајтед во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во јануари 2018 година го ангажираат Алексис Санчез од Арсенал, но на крајот тој се покажа како огромно промашување.

Санчез беше очаен во првите шест месеци, но сите веруваа дека му треба време да се вклопи во новата екипа. Меѓутоа, дури оваа сезона Чилеанецот покажа што значи кога некој фудбалер целосно ќе разочара.

Чилеанецот во Јунајте добива неверојатни 400.000 фунти неделно, а сезонава не играше колку што треба, па најверојатно ќе биде продаден на крајот на сезоната.

Навивачите го загубија трпението со него, па го исврикуваат постојано кога ќе добие шанса да се појави на теренот. А, за да биде уште полошо Санчез беше избран за најлошо засилување во историјата.

Во гласањето покрај него беа уште и Анхел ди Марија, Бебе и Клеберсон, но Чилранецот немаше никаква конкуренција.