Навивачите го избраа Салах за најдобар во Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година во избор на навивачите, а истата награда ја доби и минатата година.

Фудбалерите за оваа награда се номинирани од страна на новинарите од Англија, а преку социјалните мрежи се бира најдобар од навивачите.

Оваа година во гласањето учествуваа 140.000 луѓе, а Салах втора година по ред ја добива наградата.

Најдобрите 10 во изборот на навивачите, по број на освоени гласови се Деклан Рајс, Бруно Фернандеш, Фил Фоден, Едуар Менди, Мејсон Маунт, Рубен Дијаш, Кевин де Брајне, Жоржињо и Жоао Кансело.