Навивачите го тролаат Чупо-Мотинг на Твитер поради нереалното промашување (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерунскиот напаѓач Ерик Чупо-Мотинг е во центар на внимание, откако имаше неверојатно промашување во синоќешниот меч на ПСЖ.

ПСЖ на „Паркот на принцовите“ одигра 2-2 против Стразбур и така пропушти шанса и теоретски да ја обезбеди титулата во Франција.

Една од најголемите шанси ја промаши Чупо-Мотинг, кој успеа да постигне и еден гол, но неговиот настап го расипа со промашувањето, кое е едно од најголемите во историјата.

Тој од неколку сантиметри успеа да ја промаши празната мрежа, односно да ја запре топката на гол-линијата, а тоа го искористија троловите, кои почнаа да се шегуваат на социјалните мрежи на сметка на Чупо-Мотинг.