Навивачите ја прославија победата на Хабиб на улиците на Дагестан! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов синоќа со гушење во третата рунда го совлада Американецот Дастин Порие, па така борецот од Дагестан на убедлив начин ја одбрани титулата во УФЦ во лесна категорија и стигна до резултат од 28-0.

Порие беше несреќен по поразот, па кажа дека се чувствувал подготвено за мечот, но на крајот беше разочаран.

Хабиб од друга страна беше среќен и задоволен што стигна до нова победа и беше благодарен на Бог што му ја подраи.

По победата на Нурмагомедов во Дагестан се создаде вистинска лудница на улиците и навивачите ја славеа големата победа на нивниот сонародник во УФЦ.