Навивачите кои го гаѓаа Гвардиола со монети ќе платат – скапо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул славеше во дербито против Манчестер сити со 1-0, а навивачите на домашниот тим неколку пати го гаѓале гостинскиот тренер Пеп Гвардиола со монети.

Гвардиола ги налутил навивачите со неговата реакција, откако судијата реши да го поништи голот на Фил Фоден.

„Публиката се обиде да ме погоди со монети и други предмети, но за среќа не успеа во намерата. Можеби следниот пат ќе бидат поуспешни во нивната намера“, вели Гвардиола.

Од Ливерпул веќе реагираа и најавија истрага против навивачите кои го гаѓале Гвардиола, па сега им се заканува доживотна забрана за влез на стадионите во Англија.