Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал вчера одигра пријателски натпревар на гостувањето кај Ангерс, а резултатот беше 1-1. После тоа Топџиите остварија победа на пенали.
Многу млади играчи добија шанса на овој натпревар, а во првите единаесет беа само Мустафи и Монреал.
Токму Мустафи можеби ја одигра и својот последен натпревар. Како што наведуваат медиумите во Англија за него стигнале две понуди.
Најконретен е Монако кој сака да го купи овој играч, а исто го посакува и Рома. Арсенал за него бараат 30 милиони.
Навивачите на Арсенал веќе доколку посакуваат негово заминување, а наводно Емери истото го соопштил на управата.
Најголем проблем е тоа што тој сака да остане и да се докаже, но постојат големи шанси да оди токму во Монако.
Арсенал во недела ќе го одигра својот последен контролен натпревар пред новата сезона, а противник е Барселона на Ноу Камп.