Навивачите на Атлетик побараа Барселона да биде исфрлена од Ла Лига (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа се соочи со Атлетик Билбао и славеше со 1-0, па така остана на девет бодови предност пред вечниот ривал Реал Мадрид во Ла Лига.

Натпреварот на „Сан Мамес“ го одбележа и потегот на навивачите на Атлетик, кои фрлија испечатени банкноти и картони со грбот на Барселона.

„Ниту Барселона, ниту Мадрид, само Атлетик“, скандираа навивачите од Билбао.

Навивачите побараа Барселона да биде исфрлена од Ла Лига поради скандалот со исплаќање пари на поранешен член на судиската комисија во период од 2001 до 2018 година.