Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Ракитиќ очигледно не го доживеа премногу тешко излегувањето на Барса во ЛШ од Ливерпул.
Каталонците се обркуваа на Енфилд. Испуштија три голови предност од првиот меч, беа поразени со 4-0.
После дебаклот, фудбалерите на тренерот Валверде добија два слободни дена, а Ракитиќ максимално ги искористи.
Веројатно не му падна тешко излегувањето на хрватскиот фудбалер. Одлучил да отпатува во Севиља каде уживал во ноќен провод.
Фотографија која синот на некогашниот претседател на Севиља ја објави го откри Рактиќ. Тој се потрудил да ја избрише, но веќе било касно и навивачите на Барса се исклучително лути поради ова.
Тоа и го искажале јавно во коментари под сликата, па и затоа беше избришана.
Барса се враќа утре на тренинг, но на Ноу Камп на повеќето не им е до фудбал.