Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Финале пред финале во Лигата на шампиони ќе гледаме во дуелот меѓу Барселона и Ливерпул.
Првиот меч се игра во среда на „Камп Ноу“, а за многумина тоа е финале пред финалето. Двата најголеми фаворити во Лигата на шампиони ќе ги одмерат силте и сигурно нè очекуваат две спектакуларни средби.
Барселона сака сезоната да ја заврши со тројна круна, откако веќе ја освоија шпанската Ла Лига, додека стигнаа до финалето и во шпанскиот Куп.
Првиот меч се ра од 21 часот, а сигурно ќе нè очекува одлична атмосфера бидејќи навивачите на Барселона подготвиле спектакуларна кореографија, па денеска открија како ќе изгледа истата.