До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси повторно планира големо излегување на пазарот, а името кое се споменува предизвика бројни реакции. Станува збор за младиот дефанзивец од Франција, за кој лондонскиот клуб би можел да издвојува дури 60 милиони евра.
Челси и оваа зима продолжува со агресивната трансфер политика која веќе со години предизвикува поделени реакции меѓу навивачите на лондонскиот клуб.
Според информациите од Франција, Челси сериозно се заинтересира за младиот стопер на Рен, Жереми Жаке, и сè укажува на тоа дека овој договор може да влезе во историјата на клубот.
Лондонскиот клуб сака брзо да реагира и да го доведе 20-годишниот дефанзивец уште во зимскиот преоден рок, што дополнително го зголемува притисокот врз Рен.
Жаке оваа сезона има одиграно 16 настапи во Лига 1 и со своите игри привлекол внимание на голем број европски клубови.
Сепак, Челси е моментално во најдобра позиција кога станува збор за трката за неговиот потпис, пред сè поради финансиската моќ и подготвеноста да оди до крај.
Младиот репрезентативец на Франција се смета за еден од најталентираните дефанзивци на својата генерација и во Рен го гледаат како важен дел од иднината на клубот.
Токму поради тоа клубот нема намера да го пушти лесно, без разлика на интересот кој доаѓа од Англија.
Преговорите меѓу Челзи и Рен засега се фокусирани исклучиво на цената, бидејќи околу квалитетот на играчот нема никакви дилеми.
Рен бара повеќе од 60 милиони евра за Жаке, кој има договор со клубот до летото 2029 година.
Таквиот износ би претставувал еден од најголемите трансфери во историјата на клубот од северот на Франција.
















