Навивачите на Дортмунд со моќна порака: Фудбал за милиони луѓе, а не за милијарди евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд и Милан одиграа нерешено (0-0), но играта на теренот за момент падна во втор план бидејќи навивачите на домашниот тим имаа моќна порака до УЕФА.

На трибините на „Сигнал Идуна Парк“ се појави транспарент против УЕФА поради кој Дортмунд најверојатно ќе добие казна.

„Фудбал за милиони луѓе, не за милијарди евра. Вратете ни ја играта“, порачаа навивачите од трибините.