Навивачите на Е. Пелистер го прекрија теренот со играчки 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар заврши нерешено, а резултатот остана во сенка поради прекрасната хуманитарна акција од страна на навивачите на домашната екипа.

Навивачите го прифатија повикот на тимот и го прекрија теренот со играчки на полувремето од натпреварот.

„РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, гласеше повикот на битолскиот клуб пред мечот.

Видео: Димитар Петковски