Навивачите на Јунајтед имаат нов миленик и му посветија песна – „во духот“ на коронавирусот (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа рутински стигна до четвртфиналето на ФА Купот, бидејќи во осмина финалето го совлада Дерби со 0:3.

На овој натпревар Одион Игало го имаше својот втор старт во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна два гола.

Да потсетиме дека за прв пат Игало се најде во натпревар од Лига на Европа со Клуб Бриж во стартниот состав за Јунајтед, па дури и тогаш успеа да ја затресе противничката мрежа.

Игало пристигна во Јунајтед оваа зима бидејќи на „Црвените ѓаволи“ итно им беше потребен нов напаѓач.

Тој пристигна во Манчестер Јунајтед на позајмица од кинескиот суперлигаш Шангај Шенху, токму во времето кога коронавирусот започна да се шири на Далечниот исток, предизвикувајќи паника во Европа.

Нигериецот брзо стана омилен на навивачите на Јунајтед, а синоќа му посветија интересна песна.

На Паркот на гордоста во еден момент ги скрши зборовите: “Вива Игало, тој доаѓа во Шангај, сите ќе умреме …”

Патем, Игало по трансферот помина извесно време во изолација и тренираше одделно од тимот на Јунајтед – се додека со сигурност не се утврди дека нема коронавирус.